Охрид домаќин на Конгрес на дерматовенеролози. Пред присутните вчеравечер се обрати градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков кој истакна дека особена е честа што овој научен собир се одржува токму во Охрид, бидејќи Охрид можеби е најидеалниот град за организирање на вакви настани.
Тука може да направите симбиоза помеѓу учењето и уживањето во раскошните убавини кои природата несебично ги распослала во Охрид, рече Пецаков.
Конгресите ни помагаат да согледаме до каде сме стигнати со развој на научната мисла, научно- истражувачката работа на медицинската пракса кај нас во однос на земјите кои се учесници на вакви конгреси. Овој собир претствува значаен настан дотолку повеќе што учествуваат голем број доктори, универзитетски професори, членови на Академии од регионот и Европа, додаде Пецаков.
OhridNews













