Врвни експерти од областа на сајбер безбедноста од денеска до 8 ноември, во Охрид, ќе разговараат за  актуелните предизвици и изградба на соодветни одбрамбени механизми во оваа сфера.

Меѓу другото, на меѓународната конференција во Охрид што ја организираат НАТО и Универзитетот во Штип, ќе се дискутира за сајбер криминалoт, сајбер  напади и сајбер шпиунажа, но и за опасностите по општата и безбедноста на државите од употребата на новите технологии, како што се дроновите, како и за развојот и употребата на вештачката интелигенција, опасностите од сајбер-тероризам и други актуелни теми.

OhridNews