Во организација на едриличарскиот клуб „Меч Рејс“ од Охрид, а со поддршка на Општина Охрид, Едриличарска Федерација на Македонија и Агенција за млади и спорт, од 28-ми до 29-ти Мај беше одржана првата етапа од третиот по ред Меч Рејс Куп – Охрид 2022, информираат од Општина Охрид.
Се натпреваруваа четири тимови од 3 клубови „Нов Ветер“ од Скопје, „Акватика Јахтинг“ и „Меч Рејс“ од Охрид.
Победник на првата етапа е тимот од „Акватика Јахтинг“, во состав Стефан Ставрев, Марко Пројчески и Евгенија Огненова. Со оваа победа, тие обезбедија учество на финалето на овогодинешниот Меч Рејс Куп, кое ќе се одржи во октомври 2022 година и ќе има меѓународен карактер, додаваат во соопштението.

Целта на овој настан е подигнување на имиџот на едрењето, односно едрењето да се претстави како врвен професионален спорт и да се промовира можноста за развој на спортскиот туризам во Охрид и на Охридското Езеро, една од гранките во туризмот со огромен потенцијал за развој, потенцираат од Општина Охрид.
OhridNews












