Како дом на 1.6 милиони жители, басенот на реката Дрим нуди живот и рекреација и на уште поголем број на луѓе, но исто така е меѓународно препознаен поради уникатниот животински и растителен свет кој живее во Басенот. Сепак, иднината на Дрим е под ризик: од загадувањето, од френквентните поплави, од управувањето со водите од страна на браните и.т.н. Со тоа квалитетот и квантитетот на водата во Дрим е загрозен и преставува опасност за живеењето во регионот, доколку не се управува внимателно. На овие теми ќе разговараат учесниците на VI Годишна дримска конференција, што ќе се одржи денеска во Охрид.

На конференцијата ќе бидат презентирани последните истражување за коренот на проблемите со водите во Басенот и за тоа како да се справиме со нив. Ќе бидат преставени извештаите за работата на ГЕФ Дримскиот проект, нацртот на Прекуграничната дијагностичка анализа на Басенот , посебните изготвени извештаи за хидрологијата и за загадувањето на басенот, а главна тема на Конференцијата ќе биде поврзаноста помеѓу водата-храната-енергијата и екосистемот во Дримскиот Басен и интерсекторската координација, најавија организаторите.

Целта на проектот кој е поддржан од „the Global Water Partnership-Mediterranean (GWP-Med)“, со фондови од „Global Environment Facility (GEF)“, „United Nations Development Programme (UNDP)„ и „United Nations Economic Commission for Europe (UNECE)“ е поддршка на соработката помеѓу земјите од регионот, научни истражувања, и одржлива и координирана акција за заштита на прекуграничните води.

OhridNews