Во рамки на македонското претседателство со процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), во Охрид ќе се одржи 10-та Конференција на претседатели на парламенти на ПСЈИЕ.
На дводневната конференција која официјално ќе биде отворена утре, ќе присуствуваат претседателите на парламентите на земјите учеснички во процесот.
На конференцијата со која ќе претседава претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски, ќе стане збор за меѓупарламентарната соработка во регионот и улогата на националните парламенти врз влијанијата предизвикани од економската криза и останатите предизвици. Ќе бидат разгледани и насоките и модалитетите за натамошниот развој на иницијативата, а заклучоците ќе бидат сублимирано во завршната Декларација која се очекува да биде усвоена на 10-тат Конфернција на претседатели на парламенти на ПСЈИЕ.