Годинава на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура ќе учествуваат над 100 слависти, македонисти, балканисти, историчари, етнолози, универзитетски професори, научни работници, преведувачи и студенти по македонистика, славистика и по балканистика од 24 земји од светот.
Во рамки на семинарот ќе работи традиционалната летна школа која покрај изучување на македонската литература, историја, етнологија, фолклор, опфаќа и организирана екскурзија за запознавање со природното и културното богатсво на Македонија. Исто така, ќе биде презентиран и богатиот творечки опус на познатите македонски писатели: Блаже Конески, Коле Чашуле, Петре М. Андреевски и Гане Тодоровски.
Во рамки на семинарот на 14 и 15 јули ќе се одржи и 38-мата меѓународна научна конференција од областа на македонистиката.