
Своите искуства од односите со јавноста и менаџирањето со комуникациските, ќе ги претстават 20-тина прадавачи од Германија, Холандија, Словенија, Хрватска, Грција, БИХ, Србија, Албанија и Македонија. Во Охрид ќе допатува една од главните советнички за комуникации и маркетинг на политичката партија ЦДУ, што во 2005-тата година на германската канцеларка Ангела Меркел и нејзината партија и ја обезбеди победата на изборите, а претставници на холандското министерство за финансии задолжени за односи со јавноста ќе го претстават холандскиот модел за управување со големи системски промени во државата. За организирање на ПР на големите манифестации, ќе зборуваат експертите кои работеле на промоција на Летните олимписки игри во Атина 2004, Евросонгот во Атина 2006, Сараевскиот филмски фестивал и Новасадскиот саем. Преку 14 предавања и 4 работилници, ќе бидат презентирани спецификите во односите со јавноста и комуникациските вештини во неколку области политика, економија, забавна или шоу индустрија, спорт и култура.
Од Македонија своите знаења на конгресот ќе ги пренесат пр- менаџерот Бранка Бугариска од маркетинг агенцијата Њу Момент- Скопје, преку работилница за “Вештини во комуницирањето“ и Нина Кепеска новинарка на А1 телевизија, што ќе говори на тема “Што се крие зад работата на дописникот“.
Мисијата на ПРО ПР конгресот во Охрид, што ќе го следат и 10-тина новинари од реномирани медиумски куќи од регионов, е да им се даде можност на сите кои професионално се занимаваат со односи со јавноста и комуникациите, да ги збогатат своите знаења. За Охрид ова е уште една можност да ги промовира своите туристички потенцијали во светот.
ohridnews












