
На научниот собир кој е од исклучително значење за македонското здравство, освен 20-тина македонски специјалисти по гастроентерологија, свое учество на предавањата ќе земат познати лекарски експерти од Австрија, Германија, Италија, Англија, САД, Турција, Франција, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Бугарија и Босна и Херцеговина.
Оранизатор на конресот е Македонското здружение за гастроентерологија и хепатологија при Клиниката за Гастроентерохепатологија од Скопје. Оваа здравствена установа е единствена институција во Република Македонија, која ја задоволува потребната здравствена заштита во областа на гастроентерологијата и хепатологијата. Клиниката има за цел дадава ефикасни дијагнози и третман на гастроинтестинални и хепатолошки нарушувања кај болнички и амбулантски пациенти и преку неа секоја година се третираат околу 20 илјади пациенти.












