Охрид и “Срц Билјани Извори“ ќе бидат домаќини на Европското првенство во „Б“ дивизијата за кошаркарки до 20 години, додека ЕП во дивизијата „Б“ за кошаркари до 16 години, ќе се одржи во Скопје.


На состанокот во Минхен, ФИБА одлучи шампионатот за девојки во Охрид да се одржи од 7-17 јули идната година, додека мочињата на возраст до 16 години на првенството во Скопје ќе го играат од 28 јули до 7 август.

Охрид лани беше домаќин на вакво натпреварување, а триумфираше Холандија која во финалето ја победи Романија.

М.П.