Спортскиот стадион „Атина Бојаџи“ и градот Охрид ќе бидат домаќини на четири финални натпревари во Купот на Македонија во младинската конкуренција.
Битки за трофејот од Купот во Охрид ќе водат младинците, кадетите, пионерите и помладите пионери, а мечевите ќе се одиграат во вторник и среда.
Тревникот на охридскиот стадион минатиот месец беше саниран и освежен и максимално е подготвен да ги пречека фудбалските надежи во нашата земја.
Распоред:
Младинци (23 мај/вторник 17ч): Работнички – Академија Пандев
Кадети (23 мај/вторник 10:30ч): Академија Пандев – Работнички
Пионери (24 мај/среда 10:30ч): Вардар – Работнички
Помлади пионери (24 мај/среда 17ч): Металург – Шкендија
Фото: Архива
OhridNews