На 14 Септември, во 18.30 часот во хотелскиот комплекс Метропол/Белви во Охрид, ќе се одржи свечената церемонија за отварање на четвртиот Конгрес на офталмолозите на Македонија со меѓународно учество, кој ќе трае до 17- ти Септември. Темите на конгресот се новините во офталмологијата, новите хирушки методи и техники, дијагностичките постапки и широката развојна експанзија на технологијата во современата офталмологија.

На конгресот се поканети 36 предавачи, а ќе учествуваат 300 офталмолози од Европа и Балканот. Во рамките на конгресот се одржува посебен симпозиум со предавачи од Европската асоцијација за катаракта и рефрактивна хирургија.

OhridNews