Здружението на директорите од ученичките и студентските домови во Р. Македонија и годинава ја организира веќе традиционалната средба на учениците, студентите и учениците со посебни образовни потреби „ДОМИЈАДА 2011“ која ќе се одржи во Студентскиот дом „Никола Карев“ и Ученичкиот дом „Ванчо Питошевски“ во Охрид од 27, 28 и 29 мај.Како круна на активностите на учениците/студентите во текот на оваа учебна година, на „Домијадата“ се организираат завршни активности – спортски натпревари, ликовна колонија како и работилница – тркалезна маса.
На средбата се очекуваат околу 250 учесници, како и бројни гости од Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Црна Гора, Германија итн.
„Домијадата“ е под покровителство на Министерството за образование и наука, а традиционално неа ја отвора министерот за образование и наука.











