Согласно календарот за натпревари за 2012 година, во недела во Охрид АФМ и АК Охрид ќе го органзираат во Државното Поединечно Првенство на Македонија за МЛАДИНЦИ-КИ.

Право на учество имаат сите атлетичари-ки родени 1993 и помлади, регистрирани во атлетски клубови со исправна легитимација, пријавени од страна на клубот, со задолжителен лекарски преглед.

Овој натпревар воедно ќе има изборен карактер за престојното Балканско првенство за Младинци кое ќе се одржи  на 23-24 јуни во Ескишехир, Турција – велат од АФМ

Дисциплини:

Младинци: 110м пречки, 100м, 400м, 800м, 1500 м, диск (1.75кг) , копје (800гр) , ѓуле(6кг) , далечина, височина, трискок

Младинки: 100м пречки, 100м, 400м, 800м, 1500м, диск (1кг), копје (600гр), ѓуле(4кг), далечина, височина, трискок