Охрид и Скопје ќе бидат домаќини на Европското првенство за ракометарки до 17 години, што ќе се одржи од 13 до 23 август 2015 година.


Вака беше одлучено на Конгресот на ЕХФ во Монте Карло каде беа одредени идомаќините на eвропските првенства во сениорска конкуренција за 2016 година.

Мажите ќе играат во Полска од 17 до 31 јануари, додека Шведска ја доби организацијата за женското ЕП 2016 година (4-18 декември).

Охрид неколку пати беше домаќин на ракометни првенства, а најголемиот спортски настан се одржа во 2008 година кога бевме домаќини на една од групите од Европскиот шампионат.