Вкупно осум европски земји, вклучувајќи ја и Македонија како домаќин, од утре па до недела ќе ги одмерат силите во салата „Билјанини Извори“ во Охрид.

Македонија е во групата А заедно со селекциите на Гибралтар, Австрија и Велс а мечевите ќе ги играат во вторник, среда и четврток од 21.00 часот.

Во другата група ќе играат Молдавија, Шкотска, Азербејџан и актуелниот шампион Малта.

Првопласираните две репрезентации од секоја група, во сабота вкрстуваат во полуфинале, пред неделното финале.  Сите натпревари се играат во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, а влезот на трибините ќе биде слободен во сите денови.

Ohridnews