Од 11- ти до 15- ти јули, во организација на КУД „Вез“ од село Лескоец,  во Охрид ќе се оддржи фолклорниот фестивал „Денови на Охрид“.

Фестивалот на кој ќе учествуваат групи од : Полска, Словенија, Србија, Бугарија, Турција, Шпанија и Македонија, ќе започне со дефиле по охридските улици,  чаршијата и плоштадот.

Главниот настап на учесниците ќе се одржи на плоштадот Крушевска Република кај Чинарот, во 19 часот.

OhridNews