Охрид во октомври ќе биде домаќин на првиот Глобален инвестициски самит за Македонија, на кој учество ќе земат над 200 бизнисмени од земјава и дијаспората, како и претставници на Владата, на дипломатскиот кор и менаџери на светски познати светски компании.

Самитот ќе се одржи под мотото „Нови можности: Преку бизнис дијаспората до зголемена трговија, инвестиции и економски раст“. Организатор на самитот е асоцијацијата  „Македонија 2025“. Акцент во расправата ќе биде ставен на можностите и условите за водење бизнис во земјата. Во фокусот ќе бидат можностите за инвестирање во инфраструктурата, енергетските и природни ресурси, информатичките технологии, преработка на храна, бизнисот со недвижности, градежништвото и туризмот.

Од Самитот ќе произлезат заклучоци чија цел ќе биде да се поддржат, поттикнат и унапредат напорите за инвестирање во земјава.

Организацијата „Македонија 2025“ е основана во 2007 година со цел да го помогне економскиот развој на Макердонија и привлекување на странски инцестиции.

OhridNews