Главна цел на Самитот е да ги презентира македонските инвестициски и извозни можности пред претставниците на македонската дијаспора и останатите потенцијални инвеститори.
Предвидено е учество да земат видни бизнис лидери од дијаспората, врвни професионалци од глобални корпорации, министри и претставници на македонската влада, како и успешни македонски бизнисмени.
Самитот претставува уникатна можност за поврзување и стимулирање на соработката меѓу македонските компании кои имаат развојни проекти и извозни капацитети со компании од странство, со цел остварување заеднички напредок и успех.
„Сметаме дека овој настан ќе биде значаен чекор кон зајакнување на врската меѓу дијаспората со македонската бизнис заедница цо цел стимулирање на трговијата, инвестициите и економскиот развој“, се вели во најавата за настанот.
Македонија 2025 преку своите економски програми е посветена на позиционирање на Македонија како посакувана дестинација за странски директни инвестиции, како и промоција на конкурентните македонски индустрии на глобалните пазари.
Извор:Макфакс