Во организација на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид ќе се организира шестата Интернационална Конференција за Компјутерски Науки.


Свечената церемонија за отворањето ќе започне во 10.00 часот на 01.09.2011 год. со говор на Ректорот Проф. Данчо Давчев  и пленарна лекција на академик проф. Љупчо Коцарев.

На интернационалната конференција ќе учествуваат и ќе публикуваат свои трудови повеќе познати професори од Македонија, Бугарија, Албанија и Грција.

Ohridnews