Од денес до недела Охрид ќе биде центар на ИТ случувањата во Македонија, но и на Балканот.
Повеќе од 400 студенти – информатичари ќе имаат можност да присуствуваат на предавања и работилници на познати ИТ експерти од регионот, но во исто време да се натпреваруваат и забавуваат во рамките на „Информатијада 2014“.
Во научниот дел предвидени се три работилници и тоа бизнис-работилница, работилница за веб-апликации и за апликации за мобилни платформи, како и натпревари по алгоритми, програмирање и математика.
Практичниот дел од наставните активности ќе биде заокружен со демонстрација на сработеното и презентација на сработените апликации и програми пред претставниците на бизнис-секторот од фирмите и компаниите од ИТ индустријата што ги поддржуваат студентските игри.
Спортскиот дел ќе опфати натпревари во мал фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, серва, пинг-понг и шах, во машка и женска конкуренција.
Инаку, настанот е во организација на Студентскиот парламент при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.
OhridNews
фото: „Популарно.мк“