Од 17-ти до 19-ти  јануари во Охрид ќе се одржи четвртиот Меѓународен саем за туризам. Свеченото отворање на саемот е  во хотелот „Инекс Горица“.

На саемот ќе биде презентирана македонската туристичка понуда, но и ќе се разговата за актуелните состојби и проблеми во туризмот. Целта на ваквиот, нов концепт на туристичкиот саем во Охрид, е покрај истакнување на понудата преку разговор туристичките работници и еснафот да укажат на проблемите со кои се соочуваат и да предложат решенија за подобрување на состојбите, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

На саемот во Охрид ќе биде формирана македонска асоцијација на алтернативнен туризам, која ќе врши презентација  на алтернативните туристички дестинациии во Македонија.

На IV Меѓународен саем за туризам во Охрид учество ќе земат дваесетина тур-оператори и агенции од земјава и странство. И годинава учесниците на саемот ќе присуствуваат на одбележувањето на верскиот празник Богојавление – Водици, кој кој се очекува да привлече околу 30 000 верници. Со цел омасовување на манифестацијата охридските хотелиери и угостители истакнаа голем попуст на цените, па така во Охрид за Водици ќе може да се ноќева за 8 евра, а во рестораните да се јаде по цени кои се 20-30 отсто поевтини од регуларните.

OhridNews