На свеченото отворање на првата Конференција за земјите од Југоисточна Европа за одржлив развој на системи на енергија, вода и животна средина- ЈИЕ  SDEWES, Охрид 2014, што започна вчера, во името на градот домаќин, учесниците ги поздрави  заменик- градоначалникот Ангел Јанев.

„Охрид е развиен туристички центар,  но  и  град полн со можности за развој на високата, незагадувачка лесна индустрија од секторите на електротехниката, информатиката и енергетиката. Со  развојот на високото образовните, особено  во делот на техничките  науки, се овозможува лесно поврзување на  науката со индустријата.“ –  рече Јанев.

Инаку, на конференција учествуваат експерти и научни работници од Македонија, Хрватска, Србија, Германија, Данска, САД, Франција, Словенија, Црна Гора, Холандија, Унгарија, Грција и Колумбија.

OhridNews