Во организација на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во Охрид се одржува дводневна меѓународна конференција на тема „Тероризам: Превенција од радикализација на младата популација“.
На конференцијата, која е од затворен тип, учествуваат припадници на разузнавачки и безбедносни служби на повеќе земји од регионот.
Според најавите, во текот на денешниот ден, на конференцијата ќе се обрати министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
OhridNews