Како што истакнува деканот на Факултетот за ветеринарна медицина Проф. Д- р Дине Митров, учесниците ќе разговараат околу темите кои се особено актуелни во изминатиот период. Во Македонија од пред две години е донесен Закон за благосостојба на животните, за кој граѓаните речиси и воопшто да не се информирани, вели професор Митров.
– Законот е донесен, друго прашање е колку тој се спроведува и контролира од страна на надлежните иснпекциски органи. Законот е модерен, превземен од европските закони, што е и услов да одиме онаму кон каде стремиме, кон Европа, потенцира Митров.
На собирот учествуваат доктори по ветеринарна медицина и предавачи од повеќе европски земји, меѓу кои Холандија, Велика Британија, Србија, Хрватска.