Министерот за здравство Никола Тодоров, ќе го отвори Конгресот на психијатрите на Македонија, што денеска започнува во Охрид

Конгресот кој е од меѓународен карактер е поддржан од Светската психијатриска асоцијација. Во наредната недела домашни и меѓународни психолози ќе дискутираат за депресијата, како болест на секојдневното живеење, како и на теми поврзани со самоубиствата, шизофренијата, насилството, зависностите и други.

OhridNews