Преку предавања, работилници и практични вежби учесниците ќе ги развијат своите лидерски вештини низ призмата на иновациите.
Летната Школа како единствен настан од овој тип во Македонија е плод на успешната сoработка меѓу Економски Факултет – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и АИЕСЕК Локален Комитет – Скопје.
Традиционално, веќе две години, правиме разлика во Македонија и поставуваме пример како студентите заедно со факултетот може да создадат успешна приказна, велат организаторите.
Како дел од агендата првите три дена, учесниците ќе имаат запознавање со агендата 2020 на Европската Унија патот до иновативна Европа, иновативни лидерски стилови и како се создаваат иновации. Планирана е и посета на Националниот парк Галичица – при што учесниците ќе можат да се запознаат со локацијата, флората, фауната и климата.
Какo предавачи на Летаната школа 2011 ќе бидат проф. Д-р Леонид Наков и проф. Д-р Сашо Јосимовски од Еконпмскиот Факултет – Скопје, проф. Д-р Владимир Трајковиќ од Факултет за Информатички Науки и Компјутерско ижинерство, Јадранка Аризанковска од Стопанска Комора на Македонија, Славјанка Пејчиновска Андоновска и Љубомир Гајдов.