
На форумот учество ќе земат стотина турски стопанственици. Нивни домаќин е директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо, кој ќе ги презентира можностите и условите за инвестирање во Македонија.
Турската делегација ја предводат министерот за надворешна трговија и инвестиции, Зафер Чаглајан и претседателот на Унијата на трговско-индустриски стопански комори и берзи на Турција, Рифат Хисарџиклиоглу.











