В четрток и в петок во спорстката сала “Билјанини Извори“ ќе се организира меѓународен турнир во фудбал за генерациите 1999 и 2000 година Охрид Куп 2013. 


– Голема благодарност до Општината Охрид и советникот Јоне Станковски кои секогаш ни излегуваат во пресрет и направија максимални напори да се организира овој турнир. Турнирот е од меѓународен карактер и ќе има доста квалитетни и познати екипи – истакна организаторот на турнирот, Агрон Мерко.

Почетокот на мечевите е закажан во 12 часот, а ќе се игра во групен систем. Финалето од Охрид 2013 се игра в петок во 17 часот.

Мх.П.