
На конференцијата на којашто ќе учествуваат полициски експерти и научни работници од областа на безбедноста од речиси сите земји на ЈИЕ, предвидено е да се дискутира на повеќе теми од сферата на безбедноста, а коишто го тангираат регионот на ЈИЕ.
Почнувајќи од актуелните проценки за безбедносните предизвици од аспект на транснационалниот организиран криминал, неговите трендови, проблематичните области, но и корелацијата на научните согледувања со конкретните состојби особено во контекст на примена на истите во полициската практика.
Инаку, конференцијата која се оддржува во рамките на Конвенцијата за полициска соработка во југоисточна Европа, ја организираат македонското Министерство за внатрешни работи и Центарот за безбедност, развој и владеење на правото (ДЦАФ), односно Програмата за гранична безбедност при оваа меѓународна организација.
OhridNews












