
Според најавите, на семинарот треба да учествуваат стотина слависти и македонисти, од Русија, Полска, Словенија, Украина, Србија и Хрватска. Оргнизаторите информираат дека за учество на семинарот, интерес пројавиле и професори од САД и од западноевропските земји.
Предавањата, лекторските вежби, разговорите ќе се одржуваат во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“во Охрид. Таму ќе биде организирана и Научна конференција, на која ќе учествуваат шеесетина научници слависти и македонисти.
Семинарот кој се одржува по 43 пат е во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.











