Работниот дел е предвидено да започне во понеделник, кога согласно агендата ќе се дискутира на теми од областа на внатрешните работи- визната либерализација, миграциските прашања, управувањето на границите и унапредувањето на соработката со Frontex; борбата против организираниот криминал, трговијата со луѓе.
Вториот ден ќе биде посветен на темите од областа на правдата, а на нив ќе се дискутира за: независноста на судството и обвинителството; правната соработка во кривични и граѓански спорови; како и унапредување на соработката со Eurojust.
Покрај официјалните излагања во рамки на работниот дел, предвидена е и билатерална средба на Министерот за внатрешни работи на Македонија Гордана Јанкулоска со еврокомесарот Сесилија Малстром , со Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ и со Директор на Европол Роберт Веинрајт.
Со оглед на големиот број на најавени делегации, министри и високи гости, почнувајќи од недела до среда, кога е најавено пристигнувањето и заминувањето на делегациите, сообраќајот во Охрид ќе се одвива под посебен режим. МВР апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите на полицијата и да бидат толерантни кон ситуацијата.