Охрид од 22 до 25 Август ќе биде домаќин на првиот Хорски фестивал. Учество на фестивалот ќе земат хорови од 18 земји од Европа, Азија и Африка, со околу 2000 хористи.
Хорот при охридската Гимназија како победник на минатогодишниот хорски фестивал што се одржа во Холандија се стекна со правото да биде домаќин на оваа уникатна и атрактивна музичка манифестација. Фестивалот е потпомогнат од локалната самоуправа.











