Од 7- ми до 9- ти јуни, Охрид ќе биде домаќин на петтата Конференција на началници на генералштабови на земјите од југоисточна Европа. На неа ќе учествуваат 13 високи воени делегации, предводени од девет началници на Генералштабови, двајца началници на земјите гости (Хрватска и Словенија), заменик претседавачот на Воениот комитет на НАТО и Командантот на НАТО Здружената команда на силите во Неапол.  Покрај домаќинот, началникот на Генералштабот на АРМ, Мирослав Стојановски, на конференцијата ќе учествуваат и неговите колеги од Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Грција, Црна Гора, Романија и Турција.

Како што потенцираат од министерството за одбрана, за првпат на конференцијата ќе учествува највисока воена делегација од Република Грција.

Предвидено е на средбата да се разговара за предизвиците на 21-от век и потребите за зајакнување на идната соработка, заеднички обуки и вежби, нови области на соработка и национални презентации на полигоните за обуки.

Досегашните четири конференции се одржаа во Солун, Анталија, Белград и Брашов, а наредната година таа е предвидено да се одржи во Софија.

OhridNews