Учениците од основните училишта во Македонија во средината на овој месец ќе имаат можност да го покажат своето знаење од областа на енергетиката на регионалните квизови кои ги организира ЕВН Македонија.

На трите регионални квиз натпревари во Охрид, Скопје и Струмица ќе се натпреваруваат учениците на 10 годишна возраст кои се дел од училишниот проект. Знаењето стекнато преку предавањата  во рамките на  Училишниот проект на ЕВН Македонија на најдобрите ќе им донесе многу награди и уживање во прекрасната оперска детска бајка Јованче и Марика.  

Домаќини на првите регионални  квизови за енергетика кои се новитет во Училишниот проект на ЕВН Македонија ,  се ОУ „Св. Климент Охридски“  од  Охрид,  ОУ „Дане Крапчев“ од  Маџари, Скопје, а  во Струмица најмладите ќе се натпреваруваат во просториите на Домот  на АРМ. Победниците на квизовите од трите региони понатаму се здобиваат со учество на националниот детски квиз за енергетика.

Во рамките на националниот квиз наградени ќе бидат и ученици кои учествуваат во литературниот и ликовниот конкурс отворен во текот на целата учебна година каде дечињата ни ги испраќаат своите литературни и ликовни творби на тема „Разумно користење на ел.енергија“.

OhridNews