
На квизот што ќе се одржи во х. „Ривиера“ учество ќе земат најдобрите четири екипи од општинските натпревари во Охрид, Струга, Дебар и Кичево.
На квиз натпреварот Охрид ќе го претставува екипата од Основното училиште „Кочо Рацин“. Победникот на регионалниот натпревар ќе се здобие со право на учество на Републичкиот квиз натпревар по сообраќај.












