Охрид денеска ќе биде домаќин на Регионалниот квиз  натпревар по сообраќај за ученици од основното образование.

На квизот што ќе се одржи во х. „Ривиера“ учество ќе земат најдобрите четири екипи од општинските натпревари во Охрид, Струга, Дебар и Кичево.

На квиз натпреварот Охрид ќе го претставува екипата од Основното училиште „Кочо Рацин“. Победникот на регионалниот натпревар ќе се здобие со право на учество на Републичкиот квиз натпревар по сообраќај.

Ohridnews