Охрид домаќин на регионална конференција посветена на проблемот со трговијата со луѓе
08.02.11 15:09
„Заедно за превенција и соработка во борбата против трговија со луѓе во Западен Балкан“, е темата на која дискутираа учесниците на регионалната конференција посветена на проблемот со трговијата со луѓе, која се одржува во Охрид.
Конференцијата е дел од 14-месечниот проект насловен „Граѓанските организации како контролен механизам за борба против трговија со луѓе во Западен Балкан“. Основната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации за учество во процесот на донесување одлуки од областа на превенција од трговијата со луѓе, како и заштита на жртвите на национално и регионално ниво, согласно вредностите на ЕУ, законодавството и она што се практикува во Македонија, Србија, Албанија и Косово.
– Ситуацијата со трговијата со луѓе во регионот се подобрува, како резултат на посветеноста на националните институции во борбата против трговијата со луѓе, но и последица од подобрувањето на општата економско-безбедносна ситуација во регионот, како и зачленувањето на некои држави од Источна Европа во Европската Унија кои во минатото беа посочувани како центри за регрутирање жртви, смета дел од учесниците на конференцијата.
Проектот „Граѓанските организации како контролен механизам за борба против трговија со луѓе во Западен Балкан“ е финансиран од Европската Унија, Фондацијата „Институт отворено општество Македонија“ преку програмите „Граѓанско општество“, „Исток Исток Партнерство помеѓу границите“ и „Балкан Труст фор Демоцрацѕ“, а се реализира на територијата на Западен Балкан.
Македонија денес има помалку жители, се раѓаат значително помалку деца, природниот прираст е негативен, а населението старее Демографските промени се меѓу највпечатливите процеси што ја одбележаа з...
По ведрото и студено утро, во текот на денот ќе имаме сончево и релативно топло време Ќе дува слаб ветер од северен правец Максималната температура во Охрид ќе достигне до 22 степени Во следните де...
Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца, во село Црвена Вода ја одбележаа 83...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.