Дводневна конференција посветена на развојот на пазарите за осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа започнува денеска во Охрид.

На отворањето на конференцијата што ја организираат Агенцијата за супервизија на осигурување, Европа Ре, Светската банка, Секретаријат во рамките на ООН за меѓународна стратегија за намалување на катастрофите и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија, најавено е да се обрати вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Покрај владини претставници на првата регионална конференција од ваков вид учество ќе земат и претставници на регулаторни тела, осигурителни компании, како и на компании за мапирање ризици кои ќе ги претстават комплексните осигурителни производи кои треба да бидат развиени во регионот на Југоисточна Европа со поддршка на Светската Банка.

OhridNews