Министерството за животна средина и просторно планирање, на 18- ти април, во Охрид организира Регионална министерска конференција за „Интегрирано управување со речни сливови – платформа за размена на искуства“.

Конференцијата ќе се одржи со поддршка од Италијанското министерство за животна средина, копно и море. Целта е да се изгради заедничка визија за одржлив развој на речните сливови и да се испитаат начините за унапредување на прекуграничната соработка.

Конференцијата ќе понуди можност за инволвирање во еден координиран и структуриран консултативен процес, на надлежните институции и министри од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Србија, Словенија, Турција и Унгарија, како и агенциите, амбасадите, претставниците на научната фела и бизнис заедницата присутни во земјата, кои ќе бидат поканети да учествуваат на конференцијата.

Од министерството за животна средина напоменуваат дека конференцијата воедно претставува и одлична можност за промоција на технолошки решенија за унапредување на управувањето со водите.

Ohridnews