Охрид и Охридското езеро ќе бидат домаќини на седмиот Јадранско Подунавски куп. Овој куп по 2009 година по втор пат ќе се одржи во Македониј. Првиот пат натпреварите се одржуваа на езерото Треска, додека Охрид за прв пат ќе биде домаќин на ова натпреварување.
Натпреварувачката патека кој ќе биде во должина од 800 мети се наоѓа на кејот на Охридското езеро во централното градско подрачје.
– На овогодиншениот куп покрај домаќинот Македонија се очекува да настапат екипи десетина земји од нашето опкружување. Имавме најава за екипи од Романија, Монако, Бугарија, но нивниот настап е се уште неизвесен -рече Димче Мајкоски од Организационот одбор.
Исто така организаторите информираат дека за време на натпреварите во сабота и недела во траење од 7 до 15 часот кејот на потегот од хотел Милениум до мостот кај хотелот Палас ќе биде затворен за движење.
Со овој натпревар Македонската Риболовна Федерација го слави јубилејот 60 години од своето постоење и активно делување врз развојот на рекреативниот и спортскиот риболов во Македонија и пошироко.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com