Охрид наредната недела ќе биде домаќин на три исклучително важни настани зад чие координирање  стои Билатералниот секретаријат за заштита на  Охридското Езеро.

Имено како поддршка на процесот наречен Дримски Басен , во Охрид на 28 и 29 Мај , ќе се одржи  планирачка работилница за заштита и одржливост на езерските системи Охрид, Преспа и Скадар кои во рамките на Дримскиот Басен. Оваа работилница која е дел од проектот со поддршка на Германската влада и ГИЗ е суштинска во утврдувањето на динамиката на спроведувањето на овој прв позначаен проект од серијата најавени кои ќе се одвиваат на ниво на Дримскиот Басен. На неа ќе учествуваат преставници од сите земји од басенот на чија територија се наоѓаат езерата.

–  Отвораме теми кои долго време висеа како критични за управувањето со водените ресурси. Компонентите на германскиот Проект се поврзани со заштита на Студенчишкото блато, управувањето со рибниот фонд и со процес на карактеризација на езерата во согласност со ЕУ директивата за води. Воопшто не беше лесно да се обезбеди поддршка за овие активности но фактот дека овие теми ги имаме на маса со конкретен план ,дава услови и да почнеме да ги решаваме, вели Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат.

По планирачката работилница, а неврзано со неа во Охрид на 30-ти мај ќе се одржи состанок на Дрим Кор групата, со кој ќе претседава  Дејан Пановски, кој воедно е член на групата.

–  Дрим Кор групата ќе треба да го утврди  Акциониот план за спроведување на целите од  Договорот за краткорочниот период до 2014 година. Воедно како поддршка ќе се утврди структурата на  експертските групи кои ќе се формираат и тоа за Рамковна директива за води на ЕУ за мониторинг и информации, како и за биодиверзитет и екосистем. Сето ова ќе треба да помогне во процесот на изготвување на управувачки планови на ниво на речни басени во секоја од државите согласно законите и сето тоа да биде координирано заради интегралниот пристап, додаде Пановски.

На 31.05 во Охрид се очекува да допатува заменик извршниот директор на Европската Агенција за животна средина кој согласно агендата ќе оствари средба со преставниците на Билатералниот Секретаријат за  Охридско Езеро.

OhridNews