Под мотото „ИКТ – ДВИГАТЕЛ НА ДЕМОКРАТИЈАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА“, во Охрид денеска ќе започне Втората конференција за Е-Демократија.
На дводневниот собир што ќе го отвори министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе се дискутира за улогата на информатичката технологија во јакнењето на демократијата и транспарентноста на јавните институции. Ќе учествуваат делегации од парламенти, влади и службени весници од земјите во регионот на југоисточна Европа, Европската Унија, средниот Исток и Африка.
Конференцијата е во организација на Некстсенс, Центарот за развој на е-Влада од Љубљана, а со поддршка од Европската унија, Швајцарската агенција за развој и соработка , како и од Националниот демократски институт.












