Од 25- ти до 27- ми септември во Охрид ќе се одржи Конференцијата за Е-Демократија 2011 со наслов: ИКТ, ДВИГАТЕЛ НА ДЕМОКРАТИЈАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА.

На неа ќе се дискутира за улогата на информатичката технологија во јакнењето на демократијата и транспарентноста на јавните институции. Ќе учествуваат делегации од парламенти, влади и службени весници од земјите во регионот на југоисточна Европа, Европската Унија, средниот Исток и Африка.

На отворањето воведно обраќање ќе има министерот за Информатичко Општество, Иво Ивановски, додека финалните заклучоци на затворањето на конференцијата ќе бидат соопштени од страна на вршителот на должност на Шеф на Делегација на Европската Унија, Роберт Лидл.

Конференцијата ќе се одржи во организација на Некстсенс, Центарот за развој на е-Влада од Љубљана, а со поддршка од Европската унија, Швајцарската агенција за развој и соработка , како и од Националниот демократски институт.

Ohridnews