Од шести до деветти февруари Охрид и спортската арена „Билјанини Извори“ по четври пат беа домаќини на македонската кошаркарска елита. Првиот човек на градот, Никола Бакрачески, кој ги одликуваше победниците и најдобриот кошаркар во Македонија најави дека Охрид е во игра за организирање на завршницата од ракометниот Куп на Македонија.
– Охрид и спортското рекреативниот центар „Билјанини Извори“ се подтготвени и имаат голем потенцијал за организирање на големи натпреварувања од републички и меѓународен карактер. Ние како град ќе бидиме домаќини на два меѓународни настани, а во мај оваа година напорно работиме да ја преземеме организацијата на завршницата од Купот на Македонија во ракомет. Со тоа охриѓани ќе имаат ретка можност да ги видат нашите најдобри ракометари во „Билјанини Извори“ – рече Бакрачески.
Охриѓани покажаа голем интерес за кошарката, а посебно за финалниот дуел, кој го следаа повеќе од 3000 гледачи. На 22-то издание на Купот во Охрид триумфираше МЗТ Скопје совладувајќи ја Лирија во финалето со 76-73.

Благодарност од охридската публика, градот и Ј.П. „Билјанини Извори“ изрази и Македонската кошаркарска федерација (МКФ), која се почесто го одбира Охрид за организација на случувањата кои се под капата на МКФ.
Фото : Емилио
Мх.П.











