Согласно календарот, Атлетската федерација на Македонија во сабота во Охрид ќе органзира Државно зимско првенство во фрлачки дисциплини.


Натпреварот ќе има изборен карактер за претстојниот Европски куп во фрлања кој ќе се одржи на 17-18 март 2012 година во Бар, Црна Гора. Натпреварите во фрлање копје ќе се одржат на главниот терен, додека фрлањата диск, кладиво и ѓуле на помошниот терен.


Натпреварот ќе се одржува во следниве дисциплини по категории;

Сениори; ѓуле (7.260 кг), диск (2кг), копје ( 800гр), кладиво ( 7.260 кг)
Сениорки; ѓуле (4 кг), диск (1кг), копје ( 600гр), кладиво ( 4 кг)
Младинци; ѓуле ( 6 кг), диск (1.750 кг), копје ( 800гр)
Младинки: ѓуле ( 4 кг), диск (1 кг), копје ( 600гр)
Млади младинци; ѓуле ( 5 кг), диск (1.500 кг), копје ( 700гр)
Млади младинки: ѓуле ( 4 кг), диск (1кг), копје ( 600гр)

Ohridnews