Поради голем интерес, најавениот забавно – музички спектакл „Враќање во минатото“ во „Cuba Libre Beach & bar“, ќе се одржи во две вечери.
Премиерата е на 26-ти декември – четврток, а ден потоа, на 27-ми декември – петок следи уште еден настап на Петар Маркоски Quartet и стендап комичарот Никола Тодороски.
На евергрин вечерта, чиј медиумски покровител е OhridNews, ќе бидат исполнети музички хитови изведени во периодот од 1950 – 1980 година. На репертоарот ќе се најдат безвременските хитови отпеани од Frank Sinatra, Elvis Presley, Dean Martin и други, и секако најголемите македонски евергрини на Славе Димитров, Зафир Хаџиманов, Маја Оџаклиевска, Нина Спирова и многу други.
Петар Маркоски Quartet го сочинуваат Петар Маркоски – вокал, Проф. Емилија Маринова – пиано, Филип Стојковски ( Зизи ) – тапани и Илија Волкан – бас гитара.
-Се надевам дека овој настан во кој пред се е вложена голема љубов, ќе успее да ја идентификува и долови прекрасната мелодичност и исклучителните уметнички текстови на песните од минатите генерации, кои имаат свој идентификациски код. – изјави музичкиот уметник Петар Маркоски.
Гостите кои ќе присуствуваат на овој исклучителен културен настан треба да испочитуваат „dress code“, односно да се појават во елегантно издание.
OhridNews