Усвоена Предлог Одлуката за отстапување времено користење простор и спроведување постапка за формирање на Младински центар Охрид. Советниците на 61-та седница на Советот на Општина Охрид усвоија дека на времено користење за три години се отстапува просторот лоциран во поранешната стара касарна
Младинскиот центар е место каде ќе се подготвуваат и спроведуваат програми кои ќе ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјален и професионален живот на младите, информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите, согласно член 22 од Законот за младинско учество и младински политики, се вели во соопштението од Општина Охрид
Висината на финансиските средства кои треба да бидат обезбедени од Буџетот на општина Охрид треба да бидат во процентуална вредност од 50 до 70% од потребните средства за реализација на поднесената програма за работа на Младинскиот центар Охрид, но не повеќе од 200.000,00 денари годишно. Младинската организација за период од три години ќе се одбере преку Јавен повик. Со Младинскиот центар ќе управува Агенцијата за млади и спорт.
OhridNews












