Најавата за проширување на рекреативната патека во заштитената зона на Студенчишкото блато и поставување на урбана опрема, како и пренамената на просторот на плажата Горица, каде на местото на хотелот Парк ќе никне апартмански комплекс неколку пати поголем од сегашниот објект, ќе имаат несогледливи последици не само врз животната средина туку и врз севкупниот развој на градот, предупрадуваат од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.
– На споменатиот потег на охридското крајбрежје се случуваат многу работи кои реално не би требало да се случуваат. Не навлегувам во легалитетот на постапката туку во легитимитетот и потребата за вакви постапки, затоа што ниту стратешки, ниту културно ниту еколошки, а ниту економски не се оправдани вакви потези какви што се преземаат на охридското крајбрежје, смета Дејан Пановски од Билатерлниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.
Според него наместо да се заштитат Студенчишкото блато и крајбрежјето се на удар на урбана агресија која не носи ништо позитивно, а најмногу последиците ќе се почувствуваат во туризмот на што се темели целкупниот развој на градот.
-На Охрид не му доликува ваков равој на туризмот, туку му треба сосема поинакво користење на природните реткости кои ги има и се додека не застанеме сите заедно и не го кренеме громко гласот за ова што му се случува на Охрид, се дотогаш ние кои се бориме за заштитата на животната средина ќе ја губиме битката пред оние кои во сето тоа гледаат само некаков интерес, рече Пановски.
Градежните зафати на крајбрежјето се изведуваат согласно урбанистичките планови одобрени од локалната и централната власт, но отсуствува поширока дебата во јавноста која засега е само нем набљудувач на промените, посочуваат стручњаците. Тие укажуваат дека е крајно време Охрид да ја промени развојната стратегија која според нив не смее да се темели само на урбанизација, посочувајќи дека неколкуте илјади изградени викенд станови со најавените планови за неколку години ќе се дуплираат што во целост ќе ја промени не само економската, туку и демографската слика на градот.
Врнежливата пролет по која настапија високи температури придонесоа за раст на вегетацијата и во урбаните средини И се би било во ред доколку граѓаните редовно ги одржуваат своите имоти, но, за жал,...
И овој викенд полицијата со полни раце работа Сообраќајната полиција извршила контрола на 278 возачи на моторни возила (Охрид-110, Струга-73, Кичево-59, Дебар-36) и при извршено алкотестирање, конс...
Вчера попладне во 1821 часот, во СВР Охрид било пријавено дека, во водите на Охридското Езеро кај плажата од Извидничкиот центар во Охрид, било забележано безживотно машко тело Од извршениот увид, ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.