
РД: Кој е всушност Зоран Дерновшек?
ЗД: Зависи кого го прашувате. Ако ги прашувате луѓето кои уживаат во користа на моите откритија, тогаш навлегуваме во сфера која во суштина се однесува на верата. Ако ги прашувате луѓето кои им завидуваат на моите дела и кои би сакале да ги копираат и да ги присвојат како нивни, тогаш би требало да сум само сенка од човек. Во суштина сум само љубопитен човек кој чекори низ животот со отворени сензори и така ги слуша, или ги насетува и искусува работите кои другите и неги приметуваат. Љубопитноста ме водеше во животот во многу професии кои што ги научив и совладав без да барам официјална диплома. Дипломите ни даваат знаење но што е поголемо официјалното образование, тоа се и поголеми ограничувањата кои се пренесуваат од учителите научениците. Во научното истражување, секое поставување на граници однапред, води во слепа улица, поради тоа што правиот научник и не би требало да има чип за невозможно. Поради тоа и ме третираат за вистински научник, бидејќи со животното образование дојдов до слично ниво на образование без притоа било кој да ми ги пренесе своите уверувања дека нештото е невозможно. Официјалните професии се многубројни но и наизглед контрадикторни. До најголемите откритија се доаѓа кога ќе ги поврзете наизглед неповрзаните работи.
РД: Како беа вашите почетоци како изумител?
ЗД: Се почна со откритијата. Како основношколец наидов на проблеми кои што ги третирав како предизвици и кои пробав да ги решам. Мојот татко ме имаше заразено со научна фантастика, а со тоа ми помогна да го задржам својот отворен ум. Во петто оделение во магазинот “Пресек”, наидов на Архимедовите загатки т.е. како квадратурата на кругот и квадратурата на квадратот да биде иста, но решението да го добиеме само со геометриски начин, значи без притоа да се употреби дигитрон или без било какво пресметување туку решението исклучиво да се добие со користење само на триаголник, линеар, шестар или пенкало. Се позанимавав со загатката и после неколку часови решението го пратив во “Пресек”. Многу подоцна дознав дека излегол напис кој го напишаа математичари, а артиклот имаше наслов: “Дали Архимед погрешил”, во кој тие го покажуваат моето решение и велат дека Архимед веројатно и погрешил кога рекол дека таа загатка е нерешлива. Тие напишаа дека мојот одговор еден од најдобрите во последните 2000 години. Со ова сакам само да кажам дека ако си ставиме во глава дека нешто е нерешливо тогаш тоа е и нерешливо за нас ама не и за друг.
РД: Како работите се одвиваа понатаму?
ЗД: Во својата работа дојдов до многу откритија и иновации и како живеевме во еден систем каде се беше заедничко, на моите откритија се потпишаа луѓе како тоа да се нивни откритија. Кога добивме сопствена држава помислив дека на таа пракса и дојде крај ама не беше така. Поради тоа во 2012 кога бев на прагот на најнови откритија, се преселив со фамилијата во Италија. Таму имам свој мир да работам и не ми се крадат моите откритија. Кога почнав со презентација на откритијата повторно се обидоа, но ја потценија комплексноста на решенијата и не успеаја. Првото решение беше простирката за животни ВИНС (VINS). Развојот на ВИНС кој имаше за цел да го неутрализира мирисот на простирката за животни кој настанува од нивниот изметот или урината ме одведе до следното откритие, а тоа е HEDS. Тоа е изум кој е направен за канализации и мобилни тоалети и го неутрализира долго време неубавиот мирис. Истотака ВИНС ме одведе и во друг правец кога од него се излекуваа пиленца заболени од житни габи. Друг вид на габи т.е кандидата според некој онколози можеби се причина и за рак. Помислив: “ако со ова може да се излекуваат пиленца, што од сите тие елементи во ВИНС можеби го предизвика тоа излекување, и ако тоа функционира кај животни тогаш може да функционира и кај луѓе “. Тоа ме доведе до моето трето откритие РЕНС- RENS ( Rappid ELect Natural Supplement).
РД: Кажите ни нешто за РЕНС?
ЗД: Луѓето на кои РЕНС им помага тоа го сметаат за лек, лично мислам дека РЕНС е природен катализатор кој му помога на имунолошкиот систем и делува како патерица бидејќи му помага повторно да прооди сам. Тоа се постигнува со тоа што во крвниот систем ги неутрализира елементите кои го блокираат имунолошкиот систем, како на пример кандида, и второ, со генерирање на големи енергетски разлики помеѓу оштетените и здравите клетки. РЕНС им помага на здравите клетки да бидат на повисоко енергетско ниво, а оштетените клетки неможат да го постигнат тоа ниво и со тоа имунолошкиот систем ги препознава тие енергетски разлики помеѓу клетките и наместо авто имун одговор на сите клетки од ист вид, добиваме нормална имунолошка реакција каде што имуниот систем ги уништува само лошите клетки. Со уништивање на лошите клетки околината се закиселува и токсините или металите од тие клетки завршуваат во мозочната течност или крвта. РЕНС ја неутрализира киселоста и ги врзува на себе токсините кои телото не ги разградува, и ги извлекува надвор од телото.
РД: На вашето предавање кое неодамна го имавте во Скопје, Вие спомнавте дека помеѓу многу други состојби на којшто РЕНС позитивно влијае тој може да придонесе и во третирање на аутизмот?
ЗД: Третирање на аутизмот е комплексна работа. Тоа во суштина е воспаление на 2 имунолошки системи кои се различни но поврзани, а тоа се иминолошкиот систем на дигестивниот тракт и на мозокот. Решенија за лечење на дигестивниот тракт се пронајдени во многу варијанти. Решенија за прочистување на мозокот од неуротоксични метали се бараат со декади, а се покажа дека РЕНС е баш тоа што се бараше со декади. Најголем проблем, кој што го докажаа и англиските научници во декември, беше алиминиумот во наноделови (мали а вештачки створени делови од алуминиум на кој организмот нема одговор, а кои влегуваат во клетките на мозокот и ги трујат). Англиските научници тврдеа дека не постои одговор на тоа. Но мајките на аутистичните деца кои беа третирани со РЕНС им пратија резултати добиени од американски лабаратории во кои се покажа дека тврдењата во врска со алуминиумот се точни. Но истовремено овие лабараториски тестови покажуваат и дека овој алуминиум може да се отфрли од телото со помош на РЕНС. Во тој детокс процес највеќе не изненади ( мене, родителите и докторите) еден елеметн кој сепак се вади од телото со РЕНС, а тоа е ураниум.
РД: Кажете ни за идните планови што ги имате поврзани со Македонија?
ЗД: Некои знаат дека мојата сопруга е по потекло од фамилијата Матлиевски од Охрид. На тој начин дојдов во контакт со Охрид и видов дека тоа е идеално место заотворање на прв светски центар за лекување на аутизмот како болест, а исто и други неуродегенеративни болести кај кој РЕНС веќе се покажува како ефикасен. Тој центар ќе биде само прв во низа во светот со кој ќе се обидеме да ја спасиме цивилизацијата и човештвотот од дегенерацијата која настанува со вештачкото влијание врз генетиката. Сето тоа се случува преку храната, загадената околина и внесување на токсични елементи од најмала возраст. Охрид е се“ уште природен бисер и како таков може да биде место од каде ќе почне да заздравува човечкиот род.
OhridNews
Извор: „Руски доктор“











