Сончевиот викенд туристите кои престојуваат во Охрид го искористија за прошетка по езерото. Охридската флота се надева дека убавото време ќе потрае и барем малку ќе биде продолжена сезоната која не ги исполни очекувањата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите кои ја посетиле Македонија во јули 2013 година, споредено со  јули 2012 година, е намален за 4.5%, а бројот на ноќевањата е намален за 5.6%. Бројот на домашните туристи во јули 2013 година, во однос на јули 2012 година, е намален за 13.1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 10.3%. 

Во периодот јануари-јули 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2.8%.

OhridNews